Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • За една недела во Охрид регистрирани 202 заболени од грип, се бележи многу висока активност на вирусот

За една недела во Охрид регистрирани 202 заболени од грип, се бележи многу висока активност на вирусот

1 min read

Охрид, 15. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во втората недела од оваа година, од 5-ти до 11-ти јануари, во Охрид се регистрирани 202 случаи на заболени од грип или слични заболувања, информираа на прес конференција од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Д-р. Драган Кочински истакна дека Охрид е меѓу петте региони каде се бележи многу висока активност на вирусот на грип.

Колку за споредба, лани во првите две недели од годината во Охрид имаше  46 лица заболени од грип, а оваа сезона во овој период се регистрирани 246 случаи.

Во анализираниот период на државно ниво се регистрирани 2.322 заболени, односно за 34,6% повеќе во однос на претходната недела. Најмногу заболени има во возрасната група од 15 до 64 години – 1.378, додека најзафатени, односно највисока инциденца има кај најмалите од 0 до 4 години.

Моментално се регистрира средна активност на вирусот на грип, се забележува значително зголемување на бројот на заболени, а пикот на вирусот се очекува да се достигне од крајот на месецов до средината на февруари.

Д-р. Кочински потенцира дека растот во бројките на новозаболени оваа сезона дојде порано од очекуваното, но состојбата се следи и засега не даваат некои посебни препораки, како на пример можноста за одложување на старот на второто полугодие во училиштата. Додаде дека доколку има промени ќе реагираат соодветно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици
Next Се уредува пристаништето во пресрет на Водици

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.