Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

1 min read

Санта Фе, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

– Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви во нивната резиденција. Отворена е истрага и засега нема сознанија дека станува збор за кривично дело. Покрај нив угина и нивното куче, објави шерифот на округот Санта Фе.

Хекман, кој во јануари наполни 95 години, беше еден од најзначајните актери во Холивуд од 1970-тите наваму. Во кариерата долга повеќе од четири децении освои два оскара, четири златни глобуси и две награди БАФТА. Тој доби Оскар за најдобар актер за улогата на Џими Попај Дојл во трилерот „Француската врска“ од 1971, а потоа и за најдобра споредна улога за вестернот на Клинт Иствуд „Непростено“ од 1992.

Други филмови за кои беше номиниран за Оскар се „Бони и Клајд“, „Никогаш не сум пеел за татко ми“ и „Мисисипи во пламен“.

Властите не ја објавија причината за смртта на Хекман и 63-годишната Аракава, ниту како тие можеби починале. Тие беа во брак од 1991.

Роден во 1930, Хекман прво служел во војска неколку години, пред да почне актерска кариера. Почнувајќи од 1961, тој остварил повеќе од 100 филмски улоги, последната во 2004. Еднакво уверлив и како позитивец и како негативец, тој беше Лукс Лутор во оригиналните филмови за Супермен, а меѓу неговите најзначајни филмови се истакнува „Разговорот“ на Френсис Форд Копола. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Историска драма во чест на 150 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев
Next Нови 3.035 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.