Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Мими Јовановска ја промовира моќната балада „Те сакам“

Мими Јовановска ја промовира моќната балада „Те сакам“

1 min read
Мими Јовановска ја промовира моќната балада „Те сакам“

Скопје, 26. ноември 2025 (ИНПРЕС) – „Те сакам, до небо и назад, те сакам како море без крај.. Секој миг со тебе, мој доме, те сакам засекогаш, во секој здив, засекогаш ти, само ти…“. Ова се само дел од стиховите на новата песна „Те сакам“ на пејачката Мими Јовановска.

Песна полна со емоции, од која се воздивнува, песна пеку која говори душата, се изразуваат најдлабоките чувства, се љуби, се гушка и се ежи кожата.  Во месецот, што носи љубов, радост и надеж, Мими денес ја промовира баладата со најубав наслов „Те сакам“.

– Со голема радост ја претставувам мојата нова песна, искрена љубовна приказна која ја носам во себе долго време. „Те сакам“ е нумера во која сакав да ја ставам целата топлина, нежност и сила што ја носи љубовта. Тоа чувство што го следи човек од „вчера, денес и засекогаш“, како што пеам и во самата песна. Оваа песна за мене е потсетник дека љубовта не исчезнува ни кога денот е сончев, ни кога небото ќе повлече сивило. Токму затоа „Те сакам“ ја посветувам на сите кои веруваат во чиста, искрена и трајна љубов, вели Мими.

Комплетен автор на песната е Роберт Билбилов, а спотот го првеше Даниел Јовески.

– Роберт Билбилов е автор со кој создадовме композиција што звучи едноставно, а длабоко. Во стиховите се обидов да ја раскажам љубовта онака како што ја чувствувам како светлина што ги бои и најсивите денови, како море без крај, како дом што го носиме во срцето. Со Даниел Јовевски и овојпат работевме со многу доверба и посветеност. За визуелната приказна се погрижија Milena Pupi (style), DL Art (make-up) и Stefan (hair), кои ја носат целата емоција на песната и во мојот изглед. Со нетрпение чекам да ја слушнете и секој да ја почувствува на свој начин, а верувам дека ќе ја почувствувате така како што ја почувствував и јас, длабоко емотивно, вели Јовановска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Антонио Станков

Post navigation

Previous Словенија усвои законски измени: Македонските возачки дозволи ќе се заменуваат без повторно полагање
Next Живковски: Охрид има највисока варијација на цените на становите

Слични вести

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа” Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид
1 min read

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри над априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри над априлскиот просек

Нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри над априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.