Скопје, 17. март 2025 (ИНПРЕС) – Министерството за здравство во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија формира мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.
За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка.
Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
