Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“, под шифра „Јас, малиот Тој“

Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“, под шифра „Јас, малиот Тој“

Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“, под шифра „Јас, малиот Тој“

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година е авторот или авторката на поемата „Темна кутија“, пријавена под шифра „Јас, малиот Тој“, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Зоран Анчевски и Андреј Ал Асади како членови.

– Од вкупно 9 пристигнати ракописи, 7 ги исполнуваа конкурсните критериуми. Поемата „Темна кутија“ претставува длабока духовна и егзистенцијална исповед на лирскиот субјект, кој преку долгата драматична исповед го претставува сопствениот судир со судбината, смртта, поезијата и смислата на човечкото постоење. Оваа поема е најконзистентна и отскокнува со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од почеток до крај и вешто создава слики во главата на читателот, стои во образложението на комисијата.

Авторот на наградената поема „Темна кутија“ треба да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нов веб портал за следење на квалитет на воздухот
Next Студиото за танц „Соната“ Охрид со блескав успех на Christmas Dance Competition Veles 2025

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.