Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Студиото за танц „Соната“ Охрид со блескав успех на Christmas Dance Competition Veles 2025

Студиото за танц „Соната“ Охрид со блескав успех на Christmas Dance Competition Veles 2025

1 min read
Студиото за танц „Соната“ Охрид со блескав успех на Christmas Dance Competition Veles 2025

Охрид, 18. декември 2025 (ИНПРЕС) – Студиото за танц „Соната“ од Охрид уште еднаш го потврди својот квалитет, континуитет и педагошка извонредност со настапот на меѓународниот танцов натпревар Christmas Dance Competition Veles 2025.

На овој меѓународен настан што обедини преку 1900 танчари од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово, членовите на „Соната“ освоија 5 први места.

Според распоредот и финалните категории на натпреварот, „Соната“ ги освои првите места во следните групни категории:

  1. Classical Ballet – Open Group Baby
  2. Classical Ballet – Open Group Mini Kids
  3. Classical Ballet – Open Group Children
  4. Classical Ballet – Variation Group Children
  5. Hip Hop – Group Junior

„Соната“ Охрид е веќе препознатливо име на домашната и регионалната танцова сцена, со редовни успеси на значајни тaнцови натпревари во Европа. Студиото е особено ценето за: силната класична балетска основа, креативениот поглед кон хип хоп културата, работата со деца и младинци, дисциплината, сценската култура и емоционалнот израз.

Настапот во Велес не беше само натпреварувачки успех, туку и уште една потврда дека „Соната“ гради танцова школа со долгорочна визија, каде процесот, едукацијата и љубовта кон танцот се еднакво важни како и резултатите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Темна кутија“, под шифра „Јас, малиот Тој“
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Никола Карев“, дел од „Туристичка“, „Карпош Војвода“, „Асном“ и дел од „Галичица“

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.