Охрид, 13. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во првата половина од годинава ќе биде збогатена мрежата на авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Од Охрид ќе се лета до Милано, почнувајќи од 30 март со компанијата Wizz Air. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице. Предвидени се по два летови неделно за секоја дестинација.
Моментално од аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.
Охридскиот аеродром минатата година забележа двоцифрен пораст во однос на 2024 година од високи 20% со услужени 263.869 патници. Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Преку аеродромот во Охрид дневно патувале 767 патници што е за 16,3% повеќе споредено со минатата година.
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид лани опслужија 3.475.288 патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година, а опслужени се и 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








