Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нови авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од март, мај и јуни

Нови авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од март, мај и јуни

1 min read
Нови авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од март, мај и јуни

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Охрид, 13. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во првата половина од годинава ќе биде збогатена мрежата на авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Од Охрид ќе се лета до Милано, почнувајќи од 30 март со компанијата Wizz Air. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице. Предвидени се по два летови неделно за секоја дестинација.

Моментално од аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.

Охридскиот аеродром минатата година забележа двоцифрен пораст во однос на 2024 година од високи 20% со услужени 263.869 патници. Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Преку аеродромот во Охрид дневно патувале 767 патници што е за 16,3% повеќе споредено со минатата година.

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид лани опслужија 3.475.288 патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година, а опслужени се и 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид во ноември 2025 го посетиле 11.686 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција
Next Водостојот на Охридското Езеро 10 сантиметри над просекот за јануари

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.