Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од Билјанините извори не тече вода, езерското ниво и понатаму под просекот

Од Билјанините извори не тече вода, езерското ниво и понатаму под просекот

Од Билјанините извори не тече вода, езерското ниво и понатаму под просекот

Охрид, 4. септември 2025 (ИНПРЕС) – Од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори, и понатаму не истекува вода.

Истото доаѓа по долгиот и сушен период со исклучително високи температури и скоро без врнежи од дожд. Во исто време водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.
Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот.

Чистата вода со која се „храни“ Охридското Езеро, главно доаѓа од карстните терени на околните планини. Најголем дел од водата доаѓа од повисокото – Преспанско Езеро и преку подземни пукнатини низ планината Галичица, избива на повеќе места во вид на силни извори – врутоци покрај источниот брег.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото на водата во езерото е на кота од 693,21 м.н.в што е за 13 сантиметри под просекот за овој месец (693,34 м.н.в) и 11 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Подолг период наназад езерскиот водостој е под просечно утврдениот. Отсуството на врнежи и високите температури и во деновите што претстојат се очекува дополнително да го намалат нивото. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Дипломи за филмовите на охриѓаните Љупчо Паункоски и Томе Љушев на фестивал во Бирмингем
Next Новоформираното КУД „Разбој“ ги свртува погледите кон богатството на традицијата

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.