Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид потрошила 66.713 евра за новогодишното украсување

Општина Охрид потрошила 66.713 евра за новогодишното украсување

1 min read
Општина Охрид потрошила 66.713 евра за новогодишното украсување

Охрид, 14. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Договорот на Општина Охрид за новогодишното украсување на градот „тежел“ 66.713 евра, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување.

Со оваа сума Охрид е на трето место меѓу 36-те општини во земјава што имале тендери за новогодишно украсување. Договорот е потпишан со фирмата „Линк Медиа Плус“ од Скопје.

Најмногу пари за новогодишно украсување потрошила Општина Штип склучувајќи договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје во вредност од 4.998.480 денари, односно 81.276 евра. Градот Скопје е на второ место со договор склучен со истата фирма во вредност од 4.271.600 денари, односно 69.457 евра.

Тендерски постапки за украсување во пресрет на новата 2026 година спровеле 36 општини. Во најголем дел, тендерите за новогодишно украсување ги спровеле самите општини, а во помал дел, овие тендери ги спровело некое од нивните локални јавни претпријатија. 31 од овие 36 општини доставиле податоци за склучените договори за украсување до Електронскиот систем за јавни набавки, заклучно со 12 јануари 2026 година. Преостанатите 6 општини сè уште не доставиле известувања за склучените договори, иако законскиот рок е само 10 дена по склучување на договорите.

На 81% од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма. Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78 % од вредноста на сите тендери за украсување во земјава, 94 % од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро 10 сантиметри над просекот за јануари
Next Во ноември 2025 во Охрид издадени 8 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.