Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро 10 сантиметри над просекот за јануари

Водостојот на Охридското Езеро 10 сантиметри над просекот за јануари

Водостојот на Охридското Езеро 10 сантиметри над просекот за јануари

Охрид, 14. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења нивото е на кота од 693,45 м.н.в што е за 10 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,35 м.н.в) и 35 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 6 степени и е за 0,8 степени пониска од просечната.

Периодов наназад значително е подобрена хидролошката состојаба на Охридското Езеро, а за тоа придонесоа периодите со обилни врнежи од дожд. И додека годинава езерскиот водостој е во плус, лани во овој период бил во длабок минус. Во првата половина од јануари езерото било на кота од 693,21 м.н.в, односно на 14 сантиметри под просекот.

Водостој на Охридско Езеро во јануари 2025 година

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6 степени.

– До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Нови авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од март, мај и јуни
Next Општина Охрид потрошила 66.713 евра за новогодишното украсување

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.