Општина Охрид со бројни свечености по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
October 21, 2025

Охрид, 21. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Со повеќе свечености Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Утре напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Ќе следат обраќања на претставник од Општина Охрид, авторите, уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и учениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената академија по повод празникот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, по што ќе следи богата културно-уметничка програма.

Во четврток, 23-ти октомври, од 10:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата на охридските револуционери. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива