Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се санира фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ кај плоштадот до „Мини Маркет“

Се санира фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ кај плоштадот до „Мини Маркет“

1 min read
Се санира фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ кај плоштадот до „Мини Маркет“

Охрид, 23. јули 2025 (ИНПРЕС) – Деновиве течат активности за санирање и чистење на фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ на плоштадот кај некогашниот „Мини Маркет“, веднаш до музичкото училиште „Методи Патче“.

Иницијативата за нејзино чистење е на академскот сликар, реставратор и конзерватор од Охрид, Никола Упевче, кој воедно е и автор на мозаикот.

Во изјава за Супер радио и InPress вели му било жал да ја гледа така фонтаната, со алги и влага, што остава неубава слика како врз него како автор, така и на бројните гости и посетители што ја виделе. Побара поактивен пристап и редовно одржување од страна на локалните власти.

– Ги исчистив мозаиците бидејќи беа со влага, со алги, тоа треба почесто да се одржува и да се најде начин, дали општината, дали локалните претпријатија, сепак е фонтана со вода, да земат малку проактивен пристап и да го средат тоа. Ми беше жал да го гледам така, оставаше неубава слика, прво на мене како автор и на сите гости што го виделе, до мене дојода и реакции. А тоа е многу убаво катче, полно со луѓе, доста посетено и пријатно. И самата порака на фонтаната, од Рајот извираат четири реки, неслучајно е истата тука поставена, вели Упевче.

Додаде дека на овој простор многу треба да се работи и на вегетацијата, да се оплемени просторот, каде во минатото имаше многу дрва, да се стави акцент и на хортикултурното уредување.

Повозрасните охриѓани овој простор го знаат како „Дуборезачка“, а помладите генерации, едноставно го знаат како плоштадот кај „Мини Маркет“.

Плоштадот е на површина од 970 м² и го красат две фонтани и мал амфитеатар. Поголемата фонтана е оплеменета со мозаикот на Упевче наречен „Четири рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“.

Никола Упевче е академски сликар, реставратор и конзерватор од Охрид. Како млад уметник и научен работник тој досега има оставено повеќе трајни траги во културно-историското наследство на Охрид, но и пошироко. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Тротоари претворени во паркинзи, редовна слика низ охридските улици (Фото)
Next Пријава за пожар во куќа на улица „Ариф Мустафа“ во Охрид

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.