Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Следната недела почнуваат уписите, во охридските високообразовни установи може да се запишат вкупно 550 бруцоши

Следната недела почнуваат уписите, во охридските високообразовни установи може да се запишат вкупно 550 бруцоши

1 min read
Следната недела почнуваат уписите, во охридските високообразовни установи може да се запишат вкупно 550 бруцоши

Охрид, 12. август 2025 (ИНПРЕС) – Од следниот вторник започнуваат уписите во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2025/2026 година, во охридските високообразовни установи има место за вкупно 550 бруцоши.

На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 256 студенти во прва година.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 104, редовни со кофинансирање од 400 евра – 94, а има место и за 58 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.
Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 50 слободни места, осигурување и менаџмен со ризик 35, царина и шпедиција 50, за менаџмент во услужен сектор предвидени се 50 места, на гастрономија 15, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 30 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат 10, односно 16 студенти.

Пријавувањето во првиот уписен рок на овој факултет е од 19-ти до 22-ри и од 25-ти до 27-ми август, вториот е на 15-ти и 16-ти септември и третиот на 24-ти септември 2025 година.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 294 бруцоши. Од нив 130 се за во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти.

По 65 бруцоши ќе може да се запишат на факултетите за компјутерски науки и инженерство и за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника, по 60 за комуникациски мрежи и безбедност и за информатички и комуникациски науки. На факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика има 44 слободни места.

На Универзитетот пријавувањето во првиот уписен рок е на 25-ти и 26-ти август, вториот е на 15-ти и 16-ти септември и третиот на 29-ти септември 2025 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Викендов започнува третиот Ohrid Water Festival – ќе трае до 30-ти август
Next Нивото на Охридското Езеро е на 18 сантиметри под просекот за август, температурата на водата е 24 степени

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.