Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро е на 18 сантиметри под просекот за август, температурата на водата е 24 степени

Нивото на Охридското Езеро е на 18 сантиметри под просекот за август, температурата на водата е 24 степени

Нивото на Охридското Езеро е на 18 сантиметри под просекот за август, температурата на водата е 24 степени

Охрид, 12. август 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото е на кота од 693,28 м.н.в што е за 18 сантиметри под просекот за овој месец (693,46 м.н.в) и 18 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 24 степени и е за половина степен повисока од просекот.

Подолг период наназад езерскиот водостој е под просечно утврдениот. Отсуството на врнежи и високите температури и во деновите што претстојат се очекува дополнително да го намалат нивото.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– Под влијание на топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Следната недела почнуваат уписите, во охридските високообразовни установи може да се запишат вкупно 550 бруцоши
Next Утре започнуваат Богородичните пости

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.