Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре започнуваат Богородичните пости

Утре започнуваат Богородичните пости

1 min read
Утре започнуваат Богородичните пости

Охрид, 13. август 2025 (ИНПРЕС) – Утре започнуваат Богородичните пости и ќе траат до празникот Успение на Пресвета Богородица.

По својата временска должина, овој е најкраткиот од четирите годишни пости. Секоја година започнува на денот на прославувањето на Светите седум Макавејци, 14-ти август.

Богородичниот пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се практикува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред се наоѓаат во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

Се пости во понеделник, вторник, среда, четврток и петок без масло, во сабота и недела се пости со масло, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од овој празник, до крај на постите, се смета дека се благословува овошјето, па веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да го заборавиме и духовниот пост. Да се молиме, посебно на Пресветата Богородица за време на овој пост, читајќи го Нејзиниот канон, да вршиме добри дела и задолжително да се исповедаме за да можеме што поочистени да ги примиме Светите Христови Тајни. (Крај)

извор: МПЦ фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро е на 18 сантиметри под просекот за август, температурата на водата е 24 степени
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Рашанец“ во Лескоец

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.