Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре истекува рокот за доставување трудови по конкурсот за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Утре истекува рокот за доставување трудови по конкурсот за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

1 min read

Охрид, 28. јули 2025 (ИНПРЕС) – Утре истекува рокот за доставување на трудовите по конкурсот за најдобар расказ, распишан од Општина Охрид, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 со назнака: За конкурсот за расказ. Авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 5-ти август 2025 година.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти. Доставените трудови не се враќаат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес можен неколкучасовен прекин во водоснабдувањето и намален притисок во делови од Охрид
Next Успешно петто издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid Open 2025“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.