Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

1 min read
Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

Охрид, 14. август 2023 (ИНПРЕС) – По повод празникот Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (Св.Стефан летен) ќе се служат вечерна богослужба и света литургија.

Во истоимената манастирска црква вечерва од 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре, пак на денот на празникот од 07:30 часот ќе има утрена богослужба со света Златоустова литургија.

Пештерната црква „Св.Стефан” која датира од IX век, е единствена црква посветена на овој светител во земјава. Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис.
Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Македонската Традиционална Таеквондо Федерација дел од светската елита во Астана, Казахстан
Next Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.