Скопје/Охрид, 29. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Викендов, на арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржа Националното првенство во атлетика, на кое одлични резултати постигнаа учесниците од АК „Охрид“.
Јован Стојоски уште еднаш доминантен во трката на 200м со златен медал и уште едно злато на 400м со пречки подобрувајќи го повторно државниот рекорд кој е во негова сопственост. Воедно, Стојоски беше дел од машката репрезентативна штафета 4х400м каде државниот рекорд стар 12 години беше подобрен за речиси 5 секунди. Македонската штафета истрча време од 3:15.82 минути, со што го подобри досегашниот национален рекорд од 3:20.69 минути.
Стефан Стефаноски освои сребро при израмнет резултат со првопласираниот во фрлање диск, а Блаже Љушев освои трето место во скок далечина. Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400 метри.
Со овој натпревар атлетичарите ја заокружија натпреварувачката сезона, следува мала заслужена пауза, по што ќе продолжат со подготовки за следната сезона. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
