Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Виртуелна прошетка на црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид

Виртуелна прошетка на црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид

1 min read
Виртуелна прошетка на црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид

Виртуелна прошетка на Црквата Св. Никола Болнички во Охрид

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Порталот Концепт за култура Скопје, објави интересна виртуелна прошетка на Црквата „Св. Никола Болнички“ во центарот на Охрид.

Црквата е изградена во период од 1330 до 1340 година од непознат ктитор. Станува збор за мала еднокорабна градба засводена со полукружен свод, а била изградена од кршен камен со декорација изведена од тули околу кровната партија. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија во форма на „фурка“ која е единствена во Македонија, а е карактеристична за приморските цркви на Јадранот. Во XV-от век е доградена мала капела на југ, за која се претпоставува дека е ктиторство на Марко Ксилокаравис, охридски архиепископ и поранешен цариградски патријарх, денес е сочувана само источната апсида. Подоцна на западната и јужната страна на црквата е дограден затворен трем со што ја добива денешната форма.

Фрескопживописот во внатрешноста на црквата, кој е целосно зачуван, потекува од времето на градењето на црквата во периодот од 1330 до 1340 година. Околу 1345 година е насликана јужната фасада на која се преставени српскиот владетел Стефан Душан со неговата жена Елена, синот Урош, како и нивните предци св. Сава и св. Симеон Немања. Во апсидалнот дел на капелата зачувана е дел со претставата ,,Причестувањето на апостолите”. Западната фасада е насликана во 1480/1 година, а насликани се сцени посветени на Исус Христос, Св. Богородица и Св. Никола.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука.

извор: Концепт за култура Скопје фото/видео: Концепт за култура Скопје

Post navigation

Previous SUPER Fresh Music: The Weeknd – Dancing In The Flames
Next Мицкоски: Дел од автопатот од Арбиново до Охрид, ќе се пушти до мај

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.