Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Влатко Иљачев – Валдера со нова љубовна рок балада „Милион ѕвезди“

Влатко Иљачев – Валдера со нова љубовна рок балада „Милион ѕвезди“

Влатко Иљачев – Валдера со нова љубовна рок балада „Милион ѕвезди“

Скопје, 31. март 2026 (ИНПРЕС) – Влатко Иљачев – Валдера со нова љубовна рок балада насловена „Милион ѕвезди“.

Григор Копров е автор на музиката, текстот е на Ангел Ризов, а аранжманот на Стефан Петновски. Спотот е во негова режија, а го направи со неговиот тим.

„Милион ѕвезди“ е љубовна балада со модерен звук… Поп рок балада каква што одамна не сме слушнале.

– Се пее за љубовта кон жената. Единствената инспирација. А кога станува збор за љубовта кој не би се пронашол во неа, особено ако песната ги доловува сите убви моменти, а во „Милион бакнежи“ тоа го има. Песната веќе ги надмина моите очекувања, има многу прегледи. Ми се јавуваат за да ја пофалат, ја пеат, а тоа за еден пејач е најважно. Значи дека песната допрела до срце кај сите.  Мислам дека недостасуваше ваква песна, која се пее и се слуша, бидејќи во неа има што да се слушне, вели задоволно Валдера.

Тој е со музиката уште од мал, тоа е негова љубов, негова определба. Но, и покрај тоа животните предизвици го тераат да направи пауза од девет години. Сега и се врати на музиката така како што треба – целосно посветено.  Но, паузата не значеше да биде далеку од музиката, напротив во тие години додека паузирал тој постојано правел песни, а дел од нив ги смести на албумот „Уживам“.  На албумот има 13 песни, а од кои 10 се на македонски јазик, една на англиски и една на српски.  Ова можеби е првиот албум кој се појави на брендирано УСБ.

Валдера има големи планови, меѓу кои не само подготовка на нови песни, со кои наскоро ќе изненади, но и учество на познати и признати фестивало во и надвор од Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Општина Охрид објави јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди
Next Ристова-Димова за зачестените случаи на семејно насилство: Насилството, без разлика кон кого е упатено, раѓа само насилство

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.