Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во недела напладне инаугурација на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија

Во недела напладне инаугурација на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 10. мај 2024 (ИНПРЕС) – Седницата за инаугурација на Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Република Македонија ќе биде закажана за во недела, 12-ти мај, во 12:00 часот.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, информираат дека се чека официјалниот извештај од Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од изборите за нов шеф на државата, по што претседателот Митрески веднаш ќе ја закаже седницата.

Државаната изборна комисија вчера ги објави првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори 2024 година. Во вториот круг на претседателските избори Гордана Силјановска Давкова освои 561.001 гласови, додека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.881 гласови.

Силјановска Давкова пред пратеничкиот состав во заминување ќе треба да положи свечена заклетва. Taa ќе биде шестиот претседател на Република Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Што се однесува до конституирањето на новиот состав на парламентот, по завршување на сите процедури за разгледување на приговорите во ДИК, ќе биде верификуван мандатот на новиот собраниски состав. Рокот за одржување на конститутивната седница на Собранието е 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку тоа не се случи во овој рок, пратениците сами ќе се состанат.

Десет дена по формирање на Парламентот, претседателот на државата ќе има рок да го додели мандатот за состав на новата Влада. Тоа ќе биде партијата или коалицијата која има мнозинство на пратеници во Парламентот.

Според Уставот, мандатарот ќе има 20 дена рок да поднесе програма и да предложи состав на новата Влада, за која ќе има собраниска расправа и гласање во Парламентот. Според тоа се очекува Македонија да добие нова Влада најдоцна до почетокот на јуни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Естонија ќе биде првата држава во која на избори ќе може да се гласа преку смартфони
Next Водостојот на Охридското Езеро на 5 сантиметри над просекот за мај

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.