Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота ќе се одржи хуманитарниот планинарски марш во спомен на Трајан Целески – Тачо

Во сабота ќе се одржи хуманитарниот планинарски марш во спомен на Трајан Целески – Тачо

1 min read
Во сабота ќе се одржи хуманитарниот планинарски марш во спомен на Трајан Целески – Тачо

Охрид, 7. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Во сабота, 9-ти ноември ќе се одржи четвртиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“.

– После четири години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух сѐ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година, велат организаторите.

Маршот ќе започне во 09:00 часот во близина на неговиот дом т.е. на спортското игралиште кое неодамна во негова чест беше именувано „Трајан Целески-Тачо“.

– Патеката започнува од наелба Видобишта – Манастир Свети Никола, Велгошти и назад. Истата е умерена и е во должина од 10км во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг, додаваат организаторите.

Потсетуваат дека сите заинтересирани да понесат вода, храна како и топла облека, а малолетните лица ќе треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Таеквондисти од клубот „Хваранг Фист“ дел од македонската репрезентација на Европско кадетско првенство
Next Пожарникарите интервенираат на запалена плевна во селото Косел

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.