Дебрца, 7. април 2026 (ИНПРЕС) – Од 27-ми април до 22-ри мај ќе се одржи третиот турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во селото Требеништа.
– Ќе се игра 6+4, учеството е 4.000 денари. Наградниот фонд е 220.000 денари. За прво место се обезбедени 120.000 денари, второто место носи 60.000, третото 30.000 и четвртото место 10.000 денари. Пријавувањето на екипите трае до 23-ти април. Контакт и подетални информации на телефоните 070/675-210 (Ристе) и 072/315-860 (Дарко), информираат организаторите.
Досега се пријавени 15 екипи, а максималниот број е ограничен на 32.
Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, во балон салата „Аминта III“ во селото Требеништа. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
