Охрид, 15. декември 2023 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид утре ги продолжуваат прволигашките натпревари.
Во рамки на 12-то коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Вардар. Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Билјанини извори“, сопочеток во 18:00 часот.
Охриѓани се на 12-та позиција на табелата со 12 бодови, додека Вардар е 10-ти со 14 бодови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
