Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Годишнина од смртта на македонскиот Цар Самуил

Годишнина од смртта на македонскиот Цар Самуил

1 min read
Годишнина од смртта на македонскиот Цар Самуил

Годишнина од смртта на македонскиот Цар Самуил

Охрид, 6. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Цар Самуил е роден (непознат датум) во 958, додека според историските податоци, се знае точниот датум на неговата смрт, 6-ти октомври 1014 година.

Тој е средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Државата која ја создал е позната како Самуилово царство.

Историчарите го именуваат Самуил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот император Василиј. Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија).

За Цар Самуил во периодот додека го утврдил неговото царство во Охрид, тогашен Лихнид, се поврзани бројни настани, кои останале да се раскажуваат меѓу народот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Календар на МПЦ-ОА: Зачнување на Свети Јован Крстител
Next Легенди за Цар Самуил, за силната, но несреќна љубов со убавата Билјана

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.