Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Градоначалникот Пецаков на средба со австрискиот амбасадор Памер

Градоначалникот Пецаков на средба со австрискиот амбасадор Памер

Градоначалникот Пецаков на средба со австрискиот амбасадор Памер

Охрид, 28. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.

Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, сојузна покраина на Австрија.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари на отворено. Исто така, стана збор и за можни проекти кои би обезбедиле дополнителна опрема и обуки за противпожарната единица во Охрид.

Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација и надеж дека од оваа средба ќе произлезе конкретна идна соработка.

Во рамки на денешната посета, австриската делегација имаше средба и со вработените во ТППЕ Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со техничката опременост, капацитетите и ресурсите со кои располага противпожарната единица. Беше остварена посета и на просториите кои ги користи доброволно противпожарно друштво „Ентузијаст“. Членовите на оваа волонтерската организација во текот на изминатиот период беа дел од многу значајни теренски интервенции за гаснење на пожари во Охридскиот регион. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Контрола на 383 возила во Охрид заради намалување на аерозагадувањето
Next Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на 15 сантиметри под месечниот просек

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.