Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • До Основниот граѓански суд Охрид минатата година биле поднесени 23 претставки, најмногу во државата после Скопје

До Основниот граѓански суд Охрид минатата година биле поднесени 23 претставки, најмногу во државата после Скопје

До Основниот граѓански суд Охрид минатата година биле поднесени 23 претставки, најмногу во државата после Скопје

Основен суд Охрид

Скопје/Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2023 година на дневен ред пред Судскиот совет биле ставени вкупно 473 претставки од граѓани и правни лица за работата на судовите и судиите, од кои разгледани се 74 проценти. Од разгледаните над 88 проценти или 349 претставки биле неосновани, додека 10 отсто или 41 претставка основани.

Две претставки биле делумно основани и една претставка е повлечена од подносителот, се вели во извештајот за работата на Судскиот совет во 2023 година што денеска е пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Како основ за поднесување на претставките, согласно спроведените анализи, во Извештајот се констатира дека од вкупниот број на претставки по кои расправал Советот најголем е бројот на претставки во кои подносителите изразуваат незадоволство од утврдената фактичка состојба, односно изнесуваат жалбени наводи и бараат преиначување на веќе донесената одлука на судот или утврдување на поинаква фактичка состојба од веќе утврдената фактичка состојба од судот. Во дел од претставките се изнесени наводи кои се однесуваат на одолговлекување на постапката пред судот, за непочитување на предвидените законски рокови за преземање на процесни дејствија на донесување, објавување и изготвување на судските одлуки и сл.

Од анализата на претставките поднесени по судови произлегува дека најголем број се однесуваат на работата на судовите на апелационото подрачје Скопје. Како подносители на претставките се јавуваат физички лица, правни лица, невладини организации и здруженија на граѓани, сојузи, адвокати итн. Од основните судови најмногу претставки има за Основниот граѓански суд Скопје – 68, потоа следи ОС Охрид – 23, ОС Гостивар – 22 и ОС Битола и ОС Кавадарци по 16. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид четврток 03.10.2024 година (Видео)
Next Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид-Кичево ќе биде во функција до почетокот на следната летна сезона

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.