Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 18. април 2023 (ИНПРЕС) – Бекот на ГРК Охрид, Стефан Дрогришки, се најде на поширокиот список на македонската репрезентација што го објави селекторот Кирил Лазаров, пред квалификациските натпревари со Луксембург и Турција.
– Ова е потврда за индивидуалните квалитети на Дрогришки и секако, признание за ГРК Охрид кој и сезонава е во друштво на најдобрите клубови во првенството и се бори за висок пласман, велат од клубот.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 што ќе се одржи во период од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година во Германија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
