Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ наскоро ќе организира Куп во спортски риболов во дисциплината пливка

ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ наскоро ќе организира Куп во спортски риболов во дисциплината пливка

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 13. мај 2024 (ИНПРЕС) – Здружението на рекреативни риболовци Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, организира Куп во спортски риболов во дисциплината пливка, „Охрид 2024“.

Натпреварот ќе се одржи на Охридското Езеро, на 26-ти мај.

– Право на учество имаат сите здруженија на риболовци и риболовни клубови од Македонија, со по една екипа. Екипите да бидат составени од 3 натпреварувачи и капитен на екипата. Во екипите покрај сениори учество можат да земат и ветерани, помлади сениори (У25) и јуниори (У20). Активни се следните видови риба: плашица(белвица), вардарка(гомнушка), грунец, моранец, клен, црна мрена и други видови на ситна риба. Дозволен е улов на сите видови на риба без ограничување на големината. Дозволена е употреба на прибор по слободен избор. Задолжителна е употреба на чиварка за чувување на уловената риба во жива состојба. Пријавувањето за учество на Купот најдоцна до четврток 23-ти мај на телефоните: Петар Булески, претседател, 078/318-499 и Димче Мајковски, потпредседател, 075-717-805, информираат од клубот.

Патеката ќе биде на Охридското Езеро, на плажата Акапулко (помеѓу хотел Метропол и Лагадин). Резевна варијанта е Кеј Македонија.

Додаваат дека натпреварот ќе се одржи согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Република Македонија и Правилата за натпревари во дисциплината „пливка“.

За трите првопласирани екипи се доделува пехар со диплома и соодветни медали за натпреварувачите и капитените, а за победникот на Купот преоден пехар. Во поединечна конкуренција, за првите три натпреварувачи соодветен медал со диплома и награди во риболовна опрема. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес селективен тест за прием на ученици во паралелката за фудбал на ДСУ „Спортска академија“ во Охрид
Next Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.