Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Како Свети Климент го спасил Охрид од колера

Како Свети Климент го спасил Охрид од колера

Охрид, 9. август 2023 (ИНПРЕС) – Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка.

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани. Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на Светиот отец наш Климент и да поминеме низ градот во литија. Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот.

Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече.

Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре. И потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила. Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот Појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна. Султанот дозволил и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди, прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

извор: Охрид 1/Бигорски манастир фото: архива

Post navigation

Previous Свети Климент Охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон
Next Охрид најубав: 9. август 2023 година

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.