Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лазаревски: Македонската Традиционална Таеквондо Федерација е прва федерација со седиште во Охрид, ќе работиме на уште поголема популаризација на овој спорт

Лазаревски: Македонската Традиционална Таеквондо Федерација е прва федерација со седиште во Охрид, ќе работиме на уште поголема популаризација на овој спорт

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 9. март 2023 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 11-ти март, во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.

Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.

За тоа што значи доделувањето на вакво решение, но и за деталите околу одржување на првенството, број на учесници и дисциплини во во кои ќе се натпреваруваат разговаравме со Марјанчо Лазаревски, претседател на федерацијата.

Супер радио: Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација. Колкава е традицијата на негување на овој спорт?

Лазаревски: Традицијата на нашиот спорт е веќе 31 година, од 22-ри февруари 1992 година, го донесе Сашо Поповски, носител на црн појас V дан.

Супер радио: Кој е прв таеквондо клуб во Охрид, кога се почетоците, успесите што ги има постигнато?

Лазаревски: Клубот „Мастер“ во Охрид е отворен на 22-ри февруари 1992 година и тој е најстар клуб. Од него потекнуваат сите ученици, воедно и јас сум еден од учениците на Сашо. Оттогаш наваму ја градиме успешната приказна на теквондо ИТФ спортот во Македонија. Имаме постигнато европски, светски титули и се бориме да постигнеме уште повеќе.

Супер радио: Токму клубот „Мастер“ ја има честа да го организира првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација. До каде се подготовките?

Лазаревски: Прво да кажам дека сме прва федерација со седиште во Охрид и секако како прв клуб во Македонија, од тој клуб почна сé, доби можност да го организира превенството. Се надевам да го популаризираме спортот уште повеќе и да произлезат уште поквалитетни натпреварувачи.
Подготовките за првенството се при крај, се надеваме дека присутните ќе бидат задоволни од она што ќе го видат. Влезот ќе биде бесплатен и сите се добредојдени. Учесниците ќе се натпреваруват во две дисциплини, во форми борба со замислен противник и спаринг борби. Имаме околу 60-на натпреварувачи пријавено, што е прекрасна бројка за почеток.

Нема достапен опис

Супер радио: Кои се плановите за периодот што претстои?

Лазаревски: После 31 година добивме решение за дејност, користам можност да се заблагодарам до директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“ без чија помош немаше да стигнеме до овие успеси. Поради неговото долгогодишно поддржување на нашиот спорт постигнавме врвни резултати. Еве, минатата година имашме три европски вицешампиони. Плановите после државното првенство, на 1-ви април учествуваме на Меѓународен турнир Лозница , од 17-ти до 24-ти април во Јесоло, Италија на Европско првенство и се надеваме дека повторно ќе се вратиме со успеси. Потоа ќе одиме на неколку меѓународни натпревари, на 24-ти јуни ќе го организираме Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“, а после следуваат светски натпревари. На овие натпреварувања ќе учествува истата екипа, засега имаме пет сигурни натпреварувачи и некои што се борат за влез, зависно дали ќе исполнат критериуми. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Светски ден на бубрегот – меѓу 1.300 и 1.600 лица во Македонија со потреба од хроничен третман на хемодијализа
Next Пристигна лекот „Трикафта“, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.