Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 9. март 2023 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 11-ти март, во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.
Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.
За тоа што значи доделувањето на вакво решение, но и за деталите околу одржување на првенството, број на учесници и дисциплини во во кои ќе се натпреваруваат разговаравме со Марјанчо Лазаревски, претседател на федерацијата.
Супер радио: Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација. Колкава е традицијата на негување на овој спорт?
Лазаревски: Традицијата на нашиот спорт е веќе 31 година, од 22-ри февруари 1992 година, го донесе Сашо Поповски, носител на црн појас V дан.
Супер радио: Кој е прв таеквондо клуб во Охрид, кога се почетоците, успесите што ги има постигнато?
Лазаревски: Клубот „Мастер“ во Охрид е отворен на 22-ри февруари 1992 година и тој е најстар клуб. Од него потекнуваат сите ученици, воедно и јас сум еден од учениците на Сашо. Оттогаш наваму ја градиме успешната приказна на теквондо ИТФ спортот во Македонија. Имаме постигнато европски, светски титули и се бориме да постигнеме уште повеќе.

Супер радио: Токму клубот „Мастер“ ја има честа да го организира првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација. До каде се подготовките?
Лазаревски: Прво да кажам дека сме прва федерација со седиште во Охрид и секако како прв клуб во Македонија, од тој клуб почна сé, доби можност да го организира превенството. Се надевам да го популаризираме спортот уште повеќе и да произлезат уште поквалитетни натпреварувачи.
Подготовките за првенството се при крај, се надеваме дека присутните ќе бидат задоволни од она што ќе го видат. Влезот ќе биде бесплатен и сите се добредојдени. Учесниците ќе се натпреваруват во две дисциплини, во форми борба со замислен противник и спаринг борби. Имаме околу 60-на натпреварувачи пријавено, што е прекрасна бројка за почеток.

Супер радио: Кои се плановите за периодот што претстои?
Лазаревски: После 31 година добивме решение за дејност, користам можност да се заблагодарам до директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“ без чија помош немаше да стигнеме до овие успеси. Поради неговото долгогодишно поддржување на нашиот спорт постигнавме врвни резултати. Еве, минатата година имашме три европски вицешампиони. Плановите после државното првенство, на 1-ви април учествуваме на Меѓународен турнир Лозница , од 17-ти до 24-ти април во Јесоло, Италија на Европско првенство и се надеваме дека повторно ќе се вратиме со успеси. Потоа ќе одиме на неколку меѓународни натпревари, на 24-ти јуни ќе го организираме Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“, а после следуваат светски натпревари. На овие натпреварувања ќе учествува истата екипа, засега имаме пет сигурни натпреварувачи и некои што се борат за влез, зависно дали ќе исполнат критериуми. (Крај)
извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес
