Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонија ги „пикира“ туристите од Азија

Македонија ги „пикира“ туристите од Азија

1 min read

Охрид/Скопје, 12. јули 2023 (ИНПРЕС) – Чартери за Охрид од Амстердам, Катовице, Манчестер, Лондон повеќе пати во неделата, надополнети со нови и обновени линии, овозможија оваа година сезоната во Македонија да започне во мај.

Скок на гости во првите четири месеци од 2023 година се бележи од турските, романските, германските, португалските, полските, српските туристи. Има пораст и остварените ноќевања со што годинава ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајќи се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија.

– Предизвиците кои не очекуваат е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да ја достигне својата кулминација со посета од кинеските туристи на Балканот, а и ние треба да бидеме подготвени за азиските туристи“, вели првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за Дојче Веле.

Но, проблеми со визите може да го спречат нивниот пат кон Македонија. За таа цел, Агенцијата подготви информација до Владата со која посочува на потребата од побрзо издавање на визи за кинески туристи, со цел да не ја заобиколат Македонија при нивните патувања на Балканот. Проценките се дека од кинеските туристи би можеле да се генерираат повеќе од 40.000 ноќевања. „Тоа е можност која не смееме да ја пропуштиме“, вели Јаневски.

Надлежните се уверени дека македонскиот туризам е подготвен за рекордна 2023 година и е во одлична кондиција. таквите надежи ги базираат од резултатите од минатата пост-ковид година кога се овозможи раст на прометот во македонската туристичката индустрија за повеќе од 20% споредбено со 2019 година и рекордна 2022 година со повеќе од 480 милиони долари во македонската економија од туристичко угостителскиот сектор.

По пандемијата, кога македонските туристи најчесто „летуваа“ во земјата, годинава повеќето ќе се упатат на море, но очекуваниот минус не треба да надмине 10% споредбено со 2022 година. Сепак, остануваат веќе детектираните проблеми со отсутноста на понуда за домашните туристички центри за викенд аранжмани на македонските туроператори кои низ годините многу полесно поставуваат чартери за други дестинации отколку за дојдовен туризам.

Надлежните, иднината на македонскиот туризам ја гледаат во алтернативните форми на туристичка понуда. За ова да стане стварност мора да се работи на долгорочен развоен пристап во руралните и селски средини во развојот на еко туризмот, кој доведува до зголемување на сместувачките капацитети, нови микро и семејни услужни бизниси, отворање на нови работни места во тие средини и намалување на миграцијата.

Во овој момент 5% од вкупниот број на вработувања во земјата се во туристичкиот сектор. Анализите покажуваат дека на земјата ѝ недостигаат околу 10.000 работници годишно, а најпогодени се градежништвото и туризмот. Македонија со години наназад се соочува со сериозен недостиг на продавачи, келнери, шанкери и готвачи, особено во туристичките места за време на сезоната, поради масовното заминување на младите на сезонска работа во Хрватска и во другите земји од регионот.

Целиот текст ОВДЕ. (Крај)

извор: Дојче Веле фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ОХРИД Најубав: 300 дена и 300 прекрасни фотографии (Фото)
Next Поради болест на обвинетиот одложено денешното рочиште од судскиот процес за случајот Пендиков

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.