Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Поради болест на обвинетиот одложено денешното рочиште од судскиот процес за случајот Пендиков

Поради болест на обвинетиот одложено денешното рочиште од судскиот процес за случајот Пендиков

1 min read

Охрид, 12. јули 2023 (ИНПРЕС) – Поради отсуство на првобвинетиот не се одржа денешното рочиште од процесот што во Основниот суд во Охрид се води по предметот по пријавеното претепување на Христијан Пендиков, поранешниот секретар на сега укинатото бугарско здружение „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Правните застапници на одбраната до Судот доставија медицинска документација со која го правдаа отсуството на првообвинетиот Илија Спасески, кому од лекар специјалист му е одредено боледување со мирување во времетраење од најмалку 15 дена.

Јавното обвинителство од Охрид поднесе обвинителен акт против Спасески, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот се произнесе невин. Спасески во истражната постапка се бранеше со молчење.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 21-ви септември.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, по одложувањето на рочиштето изјави дека обидите за одложување на процесот кажуваат многу за самиот процес.

Нема достапен опис.

– Обвинетиот треба да биде присутен на судските рочишта и да ја докаже својата невиност. Во спротивно, претпоставувам дека ќе си наоѓа изговори да не доаѓа на судските рочишта, рече Камишевски.

Самиот Пендиков рече дека се чувствува загрозен, дека не се чуствува безбеден, дека постојано добива закани.

– Добивам закани на месинџер, на инстаграм, на социјални мрежи, закани на коментари и тоа закани дека сакаат да ме убијат, така да не се чувствувам океј. Пријавено е во полиција и пред месеци и сега, редовно пријавуваме и во ОБСЕ…Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме заради национално чувство. Не е добро никој да биде тепан и омаловажуван поради својата национална припадност, рече Пендиков, кој смета дека засега не му е потребна полициска заштита.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. (Крај)

извор: Опсервер фото: Опсервер/архива

Post navigation

Previous Македонија ги „пикира“ туристите од Азија
Next Здравески: Новото открите во изворите Св.Наум ја потенцира потребата од заштита на уникатниот екосистем

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.