Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонските државјани од 30. ноември во Кина ќе патуваат без визи

Македонските државјани од 30. ноември во Кина ќе патуваат без визи

1 min read

Пекинг, 22. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија.

Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.

Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.

Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous ГФК Охрид Лихнидос дома ја пречекува Детонит Плачковица
Next Тројцата охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се вратија со бронзени медали од Балканско првенство во Србија

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.