Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонски наставници во Охрид ќе се обучуваат за справување со дезинформации, лажни вести и основите на сајбер безбедноста

Македонски наставници во Охрид ќе се обучуваат за справување со дезинформации, лажни вести и основите на сајбер безбедноста

1 min read

Охрид, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, од денеска до 19-ти август ќе се одржи TechCamp (Технолошки камп) за справување со дезинформации преку образованието.

Истиот е наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика.

Ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Република Македонија. Кампот се состои од седум практични работилници, со кои се поврзуваат ментори од приватниот сектор, академијата и невладини организации со македонските едукатори.

– Покрај учество на работилниците, учесниците на кампот ќе работат во мали групи за да развијат практични иновативни решенија поврзани со најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост, борба со дезинформациите и лажните вести, како и основите на сајбер безбедноста, информираат организаторите.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст
Next Фото изложба на тема „Вода = Живот“ во Касарна Хаб

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.