Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • МВР спроведе симулациска вежба за размена на информации во реално време за трговија со луѓе и криумчарење мигранти во Охрид (Фото)

МВР спроведе симулациска вежба за размена на информации во реално време за трговија со луѓе и криумчарење мигранти во Охрид (Фото)

1 min read
МВР спроведе симулациска вежба за размена на информации во реално време за трговија со луѓе и криумчарење мигранти во Охрид (Фото)

Симулациска вежба МВР Охрид

Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на МВР денеска во Охрид изведоа симулациска вежба за размена на информации во реално време за трговија со луѓе и криумчарење мигранти долж Источно-Медитеранската рута.

Благодарност за успешно изведената вежба изрази заменик-министерот за внатрешни работи,  Астрит Исени, кој посочи дека прекуграничната размена на информации значително е подобрена, и помеѓу администрацииите во Западен Балкан, но и помеѓу нив и земјите членки на ЕУ, пред се и поради бројните правни акти и канали за комуникација што стојат на располагање.

– Мое лично убедување е дека квалитетот на персоналот е од клучна важност за постигнување оптимална ефикасност, но исто толку важно е и елиминирањето на националните граници кога станува збор за размената на информации. Невозможно е, се надевам ќе се согласите со мене, размената на информации да го постигне својот целосен потенцијал кога постојат различни национални системи, бази на податоци, регистри, правни системи, легислативи за заштита на податоци, и озгора на сé – значителни проблеми во интероперабилноста. Од друга страна, пак, нашата задача не ја завршуваме единствено со размена на информации. Време е сериозно да работиме и на воспоставување практики на спонтано споделување информации или ако сакате, нивно циркулирање помеѓу нас, агенциите за спроведување на законот на национално ниво, а потоа и на регионално или европско ниво, потенцираше, меѓу другото Исени.

Тој ја искористи можноста да потсети на петте општи начела врз кои потпира Директивата на Советот и на Европскиот Парламент за размена на информации меѓу органите за спроведување на законот во земјите членки од 2023 година, достапност, еднаков пристап, доверливост, сопственост на податоци и сигурност на податоци, посебно акцентирајќи ја меѓусебната доверба како основен предуслов за успешна и ефективна размена и споделување информации.

Инаку, симулациската вежба се спровеуваше на потегот кај Студенчишкиот канал, на источното крајбрежје на Охридското Езеро.

извор: ОхридПрес фото: МВР

Post navigation

Previous Во денешната акција во Охрид и Тетово од слобода се лишени 13 лица, групата се занимавала со проституција и недозволена трговија со дрога (Видео)
Next Влатко Стефановски го снима новиот албум во најпознатото светско рок студио Abbey Road во Лондон

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.