Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Меѓународна конференција на тема „Нови технологии во образованието“

Меѓународна конференција на тема „Нови технологии во образованието“

1 min read

Скопје/Белград, 11. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу присуствуваа на меѓународната Конференција на тема „Нови технологии во образованието (New Technologies in Education)“ организирана од страна на Британскиот совет.

Конференцијата се одржува од 9-ти до денес, 11-ти февруари во Белград.

На настанот кој веќе стана традиционален и се организира по четврти пат, каде што присуствуваат сите министри од регионот, се дискутира за трендовите и достигнувањата на новите технологии во образованието на сите нивоа, за разменување на искуствата во оваа област од развиените земји и за политиките на образовните реформи на земјите.

Во рамките на конференцијата на тема „Новите технологии во образованието” е организиран и саем на достигнувањата во областа на ИТ технологиите. На саемот учествуваат над 50 компании од информатичките технологии и образовните институции со најновите достигнувања во регионот и пошироко.

Во рамките на Конференцијата, министерот Лутфиу исто така имаше средба и со директорката за образование и наука на Британскиот совет, Jo Beall. Тие меѓу другото разговараа и за можноста на еден ваков настан и во Македонија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Пет години весник на македонски јазик – „Илинден” во Албанија
Next „Амнести интернешнал“: Договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците е катастрофа

Слични вести

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.