Скопје/Белград, 11. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу присуствуваа на меѓународната Конференција на тема „Нови технологии во образованието (New Technologies in Education)“ организирана од страна на Британскиот совет.
Конференцијата се одржува од 9-ти до денес, 11-ти февруари во Белград.
На настанот кој веќе стана традиционален и се организира по четврти пат, каде што присуствуваат сите министри од регионот, се дискутира за трендовите и достигнувањата на новите технологии во образованието на сите нивоа, за разменување на искуствата во оваа област од развиените земји и за политиките на образовните реформи на земјите.
Во рамките на конференцијата на тема „Новите технологии во образованието” е организиран и саем на достигнувањата во областа на ИТ технологиите. На саемот учествуваат над 50 компании од информатичките технологии и образовните институции со најновите достигнувања во регионот и пошироко.
Во рамките на Конференцијата, министерот Лутфиу исто така имаше средба и со директорката за образование и наука на Британскиот совет, Jo Beall. Тие меѓу другото разговараа и за можноста на еден ваков настан и во Македонија. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
