Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

1 min read

Скопје, 13. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Поддршката се однесува на:

  • корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,
  • корисниците на посебен додаток,
  • корисниците на правото на надоместок заради попреченост,
  • корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и
  • самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Македонија.

Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци.

За корисниците на правото на надоместок за  телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ГРК Охрид со победа стартуваше во плејофот
Next Серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ на Факултетот за туризам и угостителство

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.