На полноќ истекува рокот за пријавување на лица кои издржуваат куќен притвор до ОИК за гласање на локалните избори
October 14, 2025

Скопје/Охрид, 14. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на претстојните локални избори, а кои издржуваат мерка куќен притвор.

Неодамна истече рокот до кога можеа да се пријават болните и немоќни лица, кои своето гласачко право ќе го остварат во своите домови, еден ден пред изборите, односно на 18-ти октомври. Според податоците на Општинската изборна комисија (ОИК) во Охрид се пријавиле 230 лица.

Изборната кампања завршува на 17-ти октомври на полноќ, по што следува изборниот молк. Вториот круг е закажан за 2-ри ноември.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека 112.000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива