Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На ФТУ минатата година дипломирале 80, на УИНТ „Свети Апостол Павле“ 42 студенти

На ФТУ минатата година дипломирале 80, на УИНТ „Свети Апостол Павле“ 42 студенти

На ФТУ минатата година дипломирале 80, на УИНТ „Свети Апостол Павле“ 42 студенти

Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – На високообразовните установи во Охрид во текот на 2025 година дипломирале 122 студенти запишани на додипломски студии.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство дипломирале 80 студенти, од нив 65 редовни и 15 вонредни. На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ дипломирале вкупно 42, сите редовни студенти. Од нив најмногу дипломци имало на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.

На државно ниво во 2025 година дипломирале 7.612 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, што претставува зголемување 8.4 % во споредба со 2024 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 5.677, односно 74.6 % се редовни, а 1.935, односно 25.4 % се вонредни студенти. 59,6 % се дипломирани студентки.

Од вкупниот број студенти, 28,3 % дипломирале во рокот, додека 71,7 % дипломирале по рокот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
Next 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Слични вести

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

„Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина „Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина
1 min read

„Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина

Денес акција за собирање текстилен отпад Денес акција за собирање текстилен отпад

Денес акција за собирање текстилен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.