Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – На високообразовните установи во Охрид во текот на 2025 година дипломирале 122 студенти запишани на додипломски студии.
Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство дипломирале 80 студенти, од нив 65 редовни и 15 вонредни. На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ дипломирале вкупно 42, сите редовни студенти. Од нив најмногу дипломци имало на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.
На државно ниво во 2025 година дипломирале 7.612 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, што претставува зголемување 8.4 % во споредба со 2024 година.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 5.677, односно 74.6 % се редовни, а 1.935, односно 25.4 % се вонредни студенти. 59,6 % се дипломирани студентки.
Од вкупниот број студенти, 28,3 % дипломирале во рокот, додека 71,7 % дипломирале по рокот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
