Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември

Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември

Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември

Охрид, 13. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,31 м.н.в, што е за 2 сантиметри над просекот за ноември (693,29 м.н.в) и 21 сантиметар над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на водата е 14 степени и е за 1,1 степени повисока од просекот.

Од почетокот месецов се бележи тренд на пораст на водостојот, па котата досега е покачена за шест сантиметри, а само последниве неколку дена нивото пораснало за три сантиметри. Подобрената хидролошка состојба се должи и на врнежите од дожд што ги имаме периодов.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес и утре ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид организира обука за личен асистент на лица со попреченост
Next Од утре задолжително поседување зимска опрема во возилата

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.