Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид организира обука за личен асистент на лица со попреченост

Црвен крст Охрид организира обука за личен асистент на лица со попреченост

1 min read

Охрид, 13. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид организира обука за личен асистент на лица со попреченост.

Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае два месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала.
Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен.

– Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Конкурсот за пријавување ќе биде отворен до 19-ти ноември. Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на интервју, информираат од Црвен крст Охрид.

По успешно завршената обука, кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и добива можност за платен, работен ангажман во Нега центарот на Црвен крст Охрид.

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма на Центар за образование на возрасните при Министерство за образование и наука на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонскиот филм „Лена и Владимир“ во сабота ќе се прикажува во Охрид
Next Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за ноември

Слични вести

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.