Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

1 min read
Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

Охрид, 28. април 2026 (ИНПРЕС) – Под мотото „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“ утре напладне во дворот на гимназијата „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи голем мултикултурен настан и отворен ден.

– Ќе ви ја пренесеме силната порака дека со почитување на различностите ќе изградиме една средина на меѓусебна соработка и мултикултурно богатство. Во пријатна и динамична атмосфера учениците и професорите ќе претстават програма исполнета со креативност, знаење и заедништво, велат од училиштето.

Воедно овој настан ќе биде и Отворен ден на Гимназијата каде посетителите ќе можат да се запознаат со наставниот процес, работата и функционирањето на училиштето. Додаваат дека ќе се слуша музика и ќе се пеат песни на повеќе јазици, а уметничките и едукативните активности ќе бидат застапени преку цртање, сликање, јазични игри, научни експерименти и интерактивни содржини од различни области.

-Настанот ќе понуди и креативни изработки инспирирани од математиката, физиката и хемијата, запознавање со историски личности, филозофски мисли, како и можност за „патување“ низ различни култури и образовни искуства, вклучително и програмата Еразмус+. Сето тоа е одраз на знаењата и вештините кои учениците ги стекнуваат во текот на наставата. Учениците и професорите посветено работат цела година за да подготват интересни и оригинални содржини, преку кои секој актив ќе се претстави на најдобар можен начин, потенцираат од гимназијата.

Овој настан ќе биде можност за претставување пред идните ученици, нивните родители и пошироката јавност, но и најава за продолжување на кампањата „Отворени врати на Гимназијата“ во месец мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата
Next Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)

Слични вести

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото) Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)
1 min read

Огледало на култура – Сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид прошарани со спреј или прекриени со налепници (Фото)

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.