Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Одбележани 81 годинa од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ

Одбележани 81 годинa од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ

1 min read
Одбележани 81 годинa од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ

Годишнина од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ

Црвена Вода, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Црвена Вода, Општина Дебрца денеска се одбележаа 81 годинa од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ.

Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно може да се констира дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца, местото каде се испишани најсветлите страници од македонската историја.

– Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта одбележавме 81 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 3-ти октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца. Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност, односно Асномска Македонија. Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки. Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина, порача градоначалникот на општината Зоран Ногачески.

Во Црвена Вода и на Славеј Планина пред 81 годинa беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот „Мирче Ацев“. Во селото Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, со што Дебрца стана првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца

Post navigation

Previous Пријава за лице од Дебар кое одзело мопед во струшко Мислешево
Next УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 24. степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.