Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската стрелачка Анастасија Мојсовска е втор македонски претставник на Олимпијадата во Париз

Охридската стрелачка Анастасија Мојсовска е втор македонски претставник на Олимпијадата во Париз

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 18. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Охриѓанката Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво е вториот потврден учесник од Република Македонија на претстојните Летни Олимписки игри во Париз.

Информацијата е потврдена од Интернационалната спортска стрелачка федерација (ИССФ) пред неколку дена, соопштија од Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ)

Мојсовска ќе се натпреварува во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели, а според програмата ќе настапи на 28-ми јули.

– МССФ упати официјална благодарност за поддршката и дадената довербата од страна на ИССФ која препознава развој и лојален партнер во Македонското стрелаштво. Овој голем успех на Анастасија Мојсовска воедно е голем успех за спортското стрелаштво и за Македонија, велат од федерацијата.

Нејзините почетоци се во СК „Охрид“, сега е член на СК „Стрелец” од Скопје, а тренажниот процес го реализира со Јордан Тасевски.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка, има 22 години, но е веќе докажана како стрелец. Покрај тоа што беше повеќекратен државен првак и рекордер на Македонија, остварила високи резултати на меѓународните натпревари. Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови што е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз, споредено со претходните во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.

Од МССФ додаваат дека во следниот период ќе следат забрзани подготовки и контролни натпревари во насока на подобри резултати и борба за пласман во финалната борба. Во финалната борба учествуваат најдобрите 8 пласирани стрелци од квалификациониот натпревар кои дополнително се натпреваруваат со дополнителни 24 истрели.

За потсетување покрај Мојсовска, претходно, македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски обезбеди настап на Летните олимписки игри. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Апликацијата TrashPinger за детекција на отпад и пријавување диви депонии достапна за преземање
Next Перчо Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.