Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро „падна“ под минимално дозволената кота

Охридското Езеро „падна“ под минимално дозволената кота

Охридското Езеро „падна“ под минимално дозволената кота

Охрид, 25. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро „падна“ под минимално дозволената кота 693,10 м.н.в.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,09 м.н.в, што е пак за 20 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 12 степени, што е за 0,9 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина, повеќе од еден месец се без вода.

Алармантната состојба во која се наоѓа Охридското Езеро, идентична како сегашната имаше и во 2020, 2021 и 2022 година, додека пак во 2018 година состојбата беше дијаметрално спротивна, водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максиум (693,75 м.н.в.) кога достигна ниво и од 694,03 м.н.в.

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Тројцата охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ се вратија со бронзени медали од Балканско првенство во Србија
Next ЈП „Охридски комуналец“: Привремено затворена депонијата „Мауцкер“

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.